Вучиќ не ја исклучува можноста за одложување на изборите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „изборите нема да бидат главна тема“ доколку има проблеми со коронавирусот во земјата и зголемување на бројот на заразени лица.

Нема да има одложување на изборите ако ги контролираме работите. Но, ако има проблеми со растот на бројот на заразени лица што не можеме да ги контролираме, здравјето е на прво место за нас. Државата ќе реагира доброволно и одговорно со цел да го заштити животот на луѓето“, рече Вучиќ.

На прашањето за епидемиолошката состојба во Врање, Вучиќ вели  дека добил резултати според кои биле подобри од претходниот ден. Тој посочи дека се проверуваат сите контакти со заразените за да може да се делува веднаш.

Според него банално е да се слушаат барања за одложување на изборите заради опасност од инфекција од истите луѓе кои организирале протести за време на пандемијата и полицискиот час.

Иако според Вучиќ изборите доцнат два три месеци и сите дозволени рокови се надминати засега тој е убеден дека не постојат пречки за истите да се одржат. Според него, Уставот и законите се јасни и тие утврдуваат кога ќе се одржат изборите. Вооедно Вучиќ  рече дека неодамнешното привремено покачување од 10 % на платите на здравствените работници ќе останува трајно  наведувајќи дека верува оти ќе дојде до ново покачување до крајот на годината, бидејќи тие покажале голема одговорност во епидемијата со коронавирусот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста