Втор протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за попладнево во Скопје.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата.
Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Протестот, рече Јанушев, ќе започне пред „Палома бјанка“.
Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.