Втор круг во две третини од општините: Дали опозицијата е фаворит?

Во нешто помалку од две третини од општините ќе се прегласува во вториот круг. Од оние поголемите градоначалник за две недели, ќе се знае во Битола, Охрид, а можеби и Ѓорче Петров. Во овие општини со голема предност влегува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Втор круг ќе има во Куманово, каде со предност влегува Максим Димитриевски. Како и Центар, Карпош и Чаир, каде предноста е кај кандидатите на СДСМ и ДУИ, но не онаква каква што очекуваа.

Очигледно дека граѓаните го покажаа своето незадоволство од политиките на власта, со давањето на гласот за најголемата опозициска партија, како и другите помали, чии гласови во вториот круг би можеле да го одлучат победникот. Ова покажува дека е јасен опозицискиот бран во Македонија, па ВМРО-ДПМНЕ може да се надева на победа и во вториот круг. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ги повика сите граѓани на обединување со цел да се донесат промени

-Ги повикувам сите, сите гласачи, кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас и оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Време е да ги надминеме разликите, да се мобилизираме и да се обединиме, да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи најдобро, изјави Мицкоски.

Едно од најинтересните места во вториот изборен круг ќе биде и Куманово, каде СДСМ иако со минимална, прв пат влегува со негатива во вториот круг. Предноста е кај независниот кандидат и досегашен градоначалник, Максим Димитриевски. Сепак Заев верувал дека таму ќе добиеле, односно иако се локални избори, немало граѓаните да гласаат за личност, туку за партија. Сепак ситуацијата барем не личи така, доколку се земат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и другите кандидати, како и рејтингот на Димитриевски, тешко е да се очекува дека владејачката партија ќе дојде до победа во Куманово.

-Јас сум убеден дека во Куманово ќе победи, тој што секогаш победувал, 30-те години, тоа е СДСМ, не Заев, не Црвенковски, не Спасовски, не Оливер Илиевски, СДСМ. Јас сум убеден дека во Куманово идниот градоначалник ќе биде Оливер Илиевски, изјави Заев.

Трета партија во македонскиот политички блок според гласовите на овие избори е Левица, а од таму стигна порака дека соработка е можна само со опозицијата. Што секако го покажува опозицискиот бран во државата и тоа никако не и одговара на власта.

-Во овој момент принципиелно стоиме на ставот дека не коалицираме со никоја партија. Но, од општина до општина можни се преговори со опозициски партии, тоа значи дека ќе почекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има, изјави Апасиев. 

Проблем плус за Заев може да претставува неговата коалиција со Беса и ДУИ, бидејќи во неколку општини токму од тие две партии кандидатите влегоа во вториот круг. Па најверојатно лидерот на СДСМ ќе мора да одлучи кого да поддржи, што може да предизвика незадоволство кај другиот. Заев кажа дека во текот на овие денови ќе анализирале, па ќе се знаело кого ќе поддржат.

Матеја Петровски