Втор ден од работната посета на вицепремиерите Николоски и Стоиљковиќ на Белград
Дводневната посета на вицепремиерите Николоски и Стоиљковиќ на Белград се заокружува со денешните средби со српскиот министер за финансии, Синиша Мали и со министерката за рударство и енергетика, Дубравка Џедовиќ – Хандановиќ. Во текот на двата дена, претставниците од двете држави, го потврдија пријателството, а фокусот на разговорите беше ставен на зголемување на трговската соработка и можноста за унапредување на условите на пазарите во Македонија и Србија. Подетално од директното вклучување на нашата Кристина Алексиеска, од Белград.