Врховниот суд на САД решава за тоа дали на Трамп да му се забрани да се кандидира за претседател

Врховниот суд на САД решава за тоа дали на Трамп да му се забрани да се кандидира за претседател

На 6 јануари 2021 година, приврзаници на Доналд Трамп кои веруваа во неговата реторика дека изборите во ноември 2020 година се украдени, упаднаа во американскиот Конгрес за да ги спречат законодавците да ја потврдат победата на Џо Бајден. Улогата на Трамп во опсадата и дали со тоа тој може да стане неподобен кандидат за претседател, е пред Врховниот суд во кој треба да се одлучи дали треба да биде исклучен од гласачките ливчиња во Колорадо, поради настаните на 6-ти јануари.

„Доналд Трамп го поттикна тој бунт”, рече Марк Грабер од правниот факултет Френсис Кинг Кери.

Марк Грабер, водечки експерт за уставно право, е еден од многуте научници кои се против Трамп.

„Му беше кажано дека во толпата има луѓе со оружје кои имале намера да го нападнат Конгресот. Тој одговори велејќи: „Кога има измама, не ги користите вообичаените средства. Тогаш се борите жестоко.“ Разумен човек може да каже со оглед на однесувањето на Трамп, дека тој имал намера да предизвика бунт и да учествува“, додава Грабер.

Случајот се заснова на 14-тиот амандман од 1866 година по крајот на Граѓанската војна за да ги спречи поранешните Конфедерации или функционери од 11-те држави кои се отцепиле од САД за да ја заштитат институцијата на ропството и да не се вратат повторно на власт.

Членот 3 го дисквалификува од вршење на функција, лицето кое се заколнало дека ќе го поддржи Уставот, а потоа „се вклучило во востание“. Трамп рече дека случајот е дел од „ловот на вештерки“ на Бајден против политички противник – тврдење што администрацијата го негира.

Неговите адвокати тврдат дека 6 јануари не бил бунт, туку дека Трамп само ги користел своите права за слобода на говор. Тие велат дека Членот 3 не се однесува на претседатели и не може да се користи за дисквалификување на Трамп. Истото го мисли и Алан Дершовиц, професор по право на Харвард, кој го бранеше Трамп во минатото.

„Во отсуство на влијание на Конгресот, не верувам дека 14-тиот амандман е самоспроведлив. Во спротивно, зошто тогаш постои член 5 од 14-тиот амандман кој експлицитно му дава на Конгресот моќ да ги носи овие одлуки?“, вели Алан Дершовиц, Правен факултет на Харвард.

Шест од деветте судии на Врховниот суд беа назначени од републиканските претседатели, вклучително и тројца од Трамп. Но, и покрај нивните идеологии, овие судии ќе се соочат со истите историски факти, претставени од 25 историчари.

Сепак, со оглед на политичката големина на влијанието на пресудата, Врховниот суд може да одбие да донесе конечна одлука и да му ја остави на Конгресот.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста