Времето ќе биде сончево со засилен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста