Времето ќе биде сончево и топло, температури и до 37 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста