Времето денеска променливо облачно и нестабилно

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пороен дожд, силен ветер, ерлектрични празнења и услови за појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 28 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста