„Време е за титула“, се чека пораз вечерва на Сити

По вчерашниот триумф со 4-0 против Кристал Палас, Ливерпул го направи првиот исчекор кон шампионската титула во Англија. „Дојде нашето време, цели три децении овој град не се израдувал на премиерлигашки трофеј“. Ваквата изјава на Салах може да се протолкува како почеток на новото владеење во Англија. За официјален старт потребно е вечерва Челси на свој терен да го совлада Манчестер Сити од 21.45.  „Сините“ се во тесна битката со Јунајтед и Волвс за четвртото место кое носи пласман во ЛШ, каде Сити веќе има сигурен престој. „Граѓаните“ со пораз ќе останат на 23 бода помалку од Ливерпул, кој на седум кола до крајот математички ќе ја завери 19.титула во Премиерлигата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста