Враќање на полицискиот час во Македонија – предлага Комисијата за заразни болести

Забрзаното ширење на ковид 19 и неговата мутација во Македонија конечно ја разбуди Комисијата за заразни болести дека нешто мора да преземе. Полициски час од 22 до 5 часот наутро е новиот предлог на комисијата кој е доставен до Владата – но прашањето е дали е ова вистинската мерка? Јавноста врие не се задоволни од истите. Доколку предлогот го помине владиниот филтер, полицискиот час ќе стапи на сила од среда и ќе најмалку трае две недели.

„Ударот кон болниците не е така нагол како што беше во ноември и тоа е значајна разлика. Тешко е да се каже дали ќе продолжи тој тренд, дали ќе се задржи некое плато или ќе расте бранот. Има поделени мислења кај епидемиолозите по тоа прашање. Но, ние треба да сме внимателни и подготвени. Ова ќе важи 2 недели, но секако ја следиме ситуацијата и можно е да има промени“, кажа министерот.

Додека се чека исходот од владината седница, на терен ситуацијата е загрижувачка. Расте бројот на заразени, но и на хоспитализирани пациенти. Според последниот извештај на Министерството за здравство вкупната бројка на хоспитализирани пацинети во ковид центрите низ земјава е 860. Потребата од повеќе болнички кревети од денеска ги отвара вратите и на Клиниката за нефрологија, а можно е од викендот ковид пацинети да има и на Гастро. Места за ковид пацинети нема во ГОБ 8-ми Септември, полни се капцитетите и на Инфективна затоа се полни и модуларната болница.

Инаку, имунизацијата во земјава продолжува…од вчера ги имаме и скромните три илјади вакцини од “Спутник В”, вакцинацијата со овие дози ќе започне во среда.

Со спутниковите вакцини ќе се имунизираат граѓаните сместени во старските домови и лицата кои се во приоритетната група постари од 70 години и оние кои имаат ризик поради хроничната болест.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста