Вработувања во охридските јавни претпријатија, опозицијата обвинува дека се предизборни

За да си ја задржи градоначалничката фотеља, актуелниот Георгиески како голем партиски послушник ги полни јавните претпријатија со нови вработувања-регираат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.Токму на предлог на градоначалникот, утре гратските советници ќе ги гласаат новите 40 вработувања во “Охридски комуналец “ за кои јавното претпријатие годишно ќе издвојува милионски суми. Во претпријатието кое има околу 300 редовно вработени но и такви кои што се со договор на дело, пред избори се вдомуваат партиски кадри.

Апелираме до Георгиески да се вразуми, бидејќи доколку овие вработувања се реализираат во Ј.П.кои ќе ги чинат граѓаните 8 милиони денари, за реалност е да очекуваме дека ќе имаме и повисоки сметки од страна на Ј.П “Охридски комуналец” – вели Сашо Донев- ВМРО ДПМНЕ.

Првиот комуналец кој ја правда потребата од нови вработувања,вели дека иако им се терет,платите на нововработените кои според планот на претпријатието требало да бидат 31, а не 40-ќе ги обезбеделе од сопствените приходи.

По акцијата која што локалната самоуправа ја превзеде за рушење на плажите, се јавува потреба од нови вработени лица за одржување на просторот на кој што до сега беа узурпирани и се вршење угостителска дејност. – рече Љупчо Грданоски-директор на Ј.П. “ Охридски Комуналец”.

И додека Грданоски уверува дека сите 40 нововработени ќе ги чистеле плажите на ривиерата, од ВМРО ДПМНЕ откриваат дека превработеност има во сите јавни претпријатија.Најмногу во новоформираното  Ј.П.” Водовод” кое  за нецели две години од основањето,се дави во милионски долгови.Новите непотребни вработувања го втурнаа претпријатието во долгови-велат од ВМРО ДПМНЕ.

И наместо да имаме сретства за инвестиција во инфраструктура, да во 21 век имаат луѓето во Охрид конечно вода за пиење, ние се доведовме во ситуација повторно ова Ј.П. кое го формиравме за да не прави загуби, да има 7 милиони денари загуба за сами 3 месеци во 2021 година. Не само што има вработувања во сите Ј.П. туку има и енормно зголемување на платите во ЈП.Дури во некои Ј.П има луѓе кои што имаат исто работно место, а земаат различна плата. – рече Сашо Донев- ВМРО ДПМНЕ.

Имам информација вели Донев,дека вработените не само што ги тужеле јавните претпријатија,заради тоа што извршуваат исти задачи,а земаат различна плата, туку судот донел пресуда во нивна корист.Инаку советниците од ВМРО ДПМНЕ ќе побараат јавна расправа за финасиската состојба на јавните претпријатија од 2017-та до денес за да се обелодени колкав е нивниот долг.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста