Вработените во здравството со договор на дело ќе извисат, трајно решение за работа ќе добијат после изборите

Вработените во здравството со договор на дело ќе извисат, трајно решение за работа ќе добијат после изборите

Власта повторно ги извиси вработените со договор на дело во јавното здравство. Доктори, медицински сестри, техничари нема да добијат трајни договори за работа уште најмалку три месеци.Оваа разочарувачка информација ја соопшти новиот министер за здравство Илир Демири. Поради предизборниот процес, најавените 1.117 вработувања во здравството ќе бидат стопирани, а овие медицински лица повторно ќе работат без договори, без здравствено осигурување и за минимална мизерна плата.

Министерот Демири вели дека поради изборите, ќе биде одложено и покачувавањето на платите во здравството.

Инаку, веста за новите вработувања во здравството беше објавена пред нова.За месец и половина од сите здравствени установи, само во две болници имаше објавено огласи за вработувања. И тоа во тетовската и во гостиварсаката. Огласите за вработувања во болницата во Гостивар беа скандалозни – каде трајно решение за работа добија 25 медицински лица, од нив 24 се со албанска националност а само еден е е Македонец.

Сомнежите на јавноста се дека позади оваа одлука од страна на директорот на гостиварската болница Илбер Адеми стојат политички партии. Министерот за ова кажа дека трудови инспектори ќе проверуваат како се спроведувал огласот за вработувања.И ако се утврдени законски прекршувања, огласот ќе биде поништен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста