Вработените во струмичкиот театар се заканија со протест пред Министерството за култура

Драмскиот ансамбал од Струмица бара итна средба со министерката до култура за да им образложи како тоа на дирњктор на нивната инстотуција е назначеннфискултурец. Доколку во рок од три дена не им одговори, ќе бидат принудени самоиницијативно да се соберат пред министерството. Направена е и петиција која ја имат поддржано 260 актери, писатели, сликари, музичари од целата држава. Со иницијатаива “Фис-култура или култура” од ресорното министерство бараат да престанат со праксата на раководни функции да се поставуват несоодветни кадри.    Изјава-Ванчо Василев-актер  “Моменталната состојба во културата е доста загрижувачка. Целта на нашата иницијатива е да културата се тргне од рацете на политиката, со цел да ја водат адекватни луѓе” – изјави Ванчо Василев, актер во НУЦК”Антон Панов” – СтрумицаЗа актерите назначувањето на Васил Бубев кој претходно бил директор на градинка, ќе биде погубно за струмичкиот театар.  Изјава-Ванчо Василев – актер  ” Тоа би значело уништување на досегашната историја на театарот во Струмица. Сепак ние постоиме повеќе од 70години и ако на чело се постави неадекватен кадар, ние би оделе во пропаст” – изјави ВасилевСпоред министерството единствено фискултурецот формално – правно ги исполнувал условите од Огласот, а поднел и најдобра програма. Останатите двајца кандидати актерка со 30 годишно искуство и културен менаџер со мастер студии на Унеско катедрата при Универзитетот во Белград се одбиени поради тоа што во едната пријава немало доказ за тоа дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник, а во втората пријава недостасувал сертификат за познавање на англиски јазик. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста