Вработените од загубарот „Еурокопмозит“ се закануваат со одземање на машините и репро-материјалите од Фабриката
Континуирано индолентниот однос на Владата кон шеесетината вработени во загубарот „Еурокомпозит“ кои веќе шест месеци не одат на работа и немаат никакви примања, како и нивното невлегување во ниту еден сет заштитни мерки од Владата, ја прелеаа чашата кај овие луѓе. Тие денеска се заканија со одземање на имотот од Фабриката, а му побарале и оставка на актуелниот директор Милан Тоцев, на што тој, според нив, веднаш се сложил.
Работниците велат дека во меѓувреме им пропаднала и последната шанса за реализација на извесен трипартитен договор со кој сакале да заработат некој денар и така да ја спасат и Компанијата, но и себе.
Инаку, прилепски „Еуркомпозит“ е последниот македонски загубар, со 64 вработени и над 160 работници кои си заминаа како технолошки вишок. Но, и покрај бројните досегашни ветувања од Владата, периодов, ниту вработените земаат плата, ниту пак им се доисплатени отпремнините на оние кои си заминаа уште пред две години.
Каролина Дурло