Вработени во штипската конфекција „Алкон текст“ ги прекинаа протестите, бојкотот не даде никаков резултат

Работничките кои се водат како вработени во штипската конфекција „Алкон текст„ , а се на принуден одмор ги стопираа протестите. Ова решение го донеле откако виделе дека нивниот неколкудневен  бојкот во фабричкиот двор не даде никаков резултат. Дополнително ги оптоварува финансискиот аспект. Велат нехумано е работници кои подолго време не зеле плата да плаќаат такси до фабриката која се наога надвор од градот. Последна шанса им се институциите..

    „Никој не не контактактираше од фирмата. Сега сме во исчекување. Од вој месец немаме пензиско и здравствено осигурување. Останува на институциите, што тие ќе решат„-изјави Бисера Кафтанова-текстилна работничка.

Законот не ги штити работниците, децидни се од здружението „Гласен текстилец„. Откако трудовиот инспрктор ќе констатира кршење на работничките права, согласно законот на работодавачот му се изрекува минимална глоба која  може да се преполови доколку ја плати со време. Заостанатите неисплатени плати работниците можат да си ги побараат во судска постапка,  што според Ампева е апсурдно, бидејќи е невозможно работник кој подолго време не зел плата да плаќа судски трошоци. Па поради тоа покренуваат иницијатива за промена во Законот за прекршоци со што ќе се зголемат глобите за работадавачите кои ги кршат основните работнички права, неисплата на плати и придонеси.

   „За пример ќе ги земам штипските фирми„Баргала„ и „Штиптекст„. За неисплатени плати и придонеси , ова се официјални информации од Државниот трудов инспекторат платени се глоби. Ако ги платат во рок од осум дена тие глоби стануваат 500евра и повторно тој како работодавач нема обврска да ги исплати платите на работниците. Може да си ги побаруваат само во судска постапка„-изјави Кристина Ампева од Здружрението Гласен текстилец

Што се однесува до случајот со работничките од „Алкон текст„трудовите инспектори влегле во компанијата, а од Гласен текстилец најавуваат дека во план се да стапат во контакт и со странскиот партнер за да го известат за тортурата што им се прави врз работниците кои ги шијат нивните производи. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста