Вработен во СОЗР во Владата тврди дека група вработени трпат мобинг- најавува тужба

Има мобинг, притисоци, деградирање, непочитување на законот за работни односи, за здравствена заштита, што имаме колеги и јас сме во подрумски магацински протстории. Ги третираше колегите во Петровец да одат, каде што нема ниту санитарен чвор, каде сите се под стресови, луѓето веќе незнаат каде да се обратат, ние немаме правен механизам  нашите работнички права да ги бараме – вели Илија Јовановиќ.

Вака Илија Јовановиќ, вработен во службата за општи и заеднички работи при Владата го опишува својот работен ден, а неговата судбина, како што вели ја делеле и други колеги. Хајката против нас започна во 2017 година и од тогаш бараме начин како да си ги добиеме своите права. Подготвени сме да формираме синдикат кој ќе се избори за тоа што ни следува бидејќи синдикатот кој постои не е заинтересиран за проблемите кои ни се секојдневие тврди Јовановиќ. Спремни сме да поднесеме групна тужба вели Јовановиќ.

Мене три ипол години ме малтертираа, психички, во писмена работа ми наредуваа како да работам што да работа, ми забрануваа да одам на пат низ цела земја каде што е мојата должност и функцијата му е да ги следам знамињата, во сите државни институции во каква состојба се, дали се одржуваат или не. Почнав со велосипед да си ја извршувам мојата функција бидејќи јас затоа сум поставен со решение со се и тоа најмногу го направив за моето семејство и моите деца, да не биде ете Илија не доаѓа и не ја извршува работата и тоа почна да им смета –вели Илија Јовановиќ.

Нема да застанам тука, ќе се борам за својата работа бидејќи од платата живеат моите деца вели Јовановиќ. Ги охрабрувам сите колеги да застанат позади мене и да раскажат со какви проблеми се соочуваме завршува Јовановиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста