Возможно само во Македонија: Бојмацалиев свечено пречека пасоши на граница

Возможно само во Македонија: Бојмацалиев свечено пречека пасоши на граница

Свечен пречек на пасоши. Во Македонија и тоа е возможно. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, си организираше свечен настан на граничниот премин Богородица, а причината да дочека камионот со 140.000 обрасци за пасоши со Северна.

-„МВР за граѓаните” на дело – пристигнаа 140.000 обрасци на ГП Богородица. Како што информирав претходно, покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што бројката од 225.000 обрасци се комплетира, напиша Бојмацалиев.

Додека повеќе од 600.000 граѓани се во еден вид државен притвор во Македонија, бидејќи не можат да ја напуштат државата без пасош со „Северна“, власта и она што и е обврска веќе со години, а не успеа да го исполни го користи во ПР цели.

Сега барем немаше чочек и трубачи, како што беше пример при отворањето на автопатот Демир Капија- Смоквица. Но, тоа не беше причина твитерџиите да не му намонтираат музика и трубачи на Бојмацалиев.  

Ваквиот потег на поранешниот шеф на кабинет на Спасовски, наиде на потсмев на социјалните мрежи.

-Има ли некој стручен тука, да каже каква е оваа дијагноза? Едни со пиетет оддаваат почит на дрва и камења, други свечено пречекуваат вакцини и пасоши… Алоо, Комисија за заразни болести!? Дали е ова заразно? Нели треба да прогласите епидемија? Постои ли вакцина?

-Дали обрасците за пасоши беа изненадени од пречекот!

-Уште обрасци за пасоши немавме пречекано.

-Со чија химна се дочекаа обрасците за пасоши?

-Заменик министер за внатрешни организира дочек на обрасци за пасоши на граница. Да, обрасци. Организира дочек на пластика и хартија. Да, неверојатно. Со наши пари дочекот се плаќа.

Бојмацалиев во својата објава на Фејсбук упати и порака до граѓаните кои со месеци чекаат само за сликање, навремено да ги заменеле патните исправи.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста