Возило управувано од малолетничка се излизга од пат во струмичко

На 21.07.2020 во 11.00 часот локален пат од с.Добрејци кон с.Пиперево, струмичко, поточно на мост на река Струмица, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во р.Струмица. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста