Возило излета од регионалниот пат с.Кадрифаково – Штип, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На 10.09.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Кадрифаково – Штип, кај населба Три чешми, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(47) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42) од Штип констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста