Возило излета од патот Тетово-Бањиче, загина едно лице

На 18.07.2020 во 23.00 часот пред угостителски објект на локален пат Тетово- Бањиче патничко моторно возило„Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од  Ш.Г.(32) од с.Лисец излетало од патот во коритото на река Пена. Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош. По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово – Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста