Возило излета од пат во Скопје

На 20.08.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „мерцедес 124“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста