Возило излета од пат, нема жртви

На 22.07.2020 околу 18.30 часот на регионален пат Превалец – с.Смојмирово, атар на с.Блатец, виничко, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(54) од Виница, излетало од коловозот. По незгодата, Б.З. и сопатникот Ж.А.(59) од с.Лаки, виничко, биле пренесени во Здравствена установа Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.