Воздухот во Калифорнија за време на пожарите само за нијанса позагаден од Скопје

Воздухот во Скопје „чист“ како чад од масовен пожар. Вкупно 189 микрограми на метар кубен од најотровните ПМ честички – ваков воздух скопјани вдишуваат „за добро утро“, а загаденоста е речиси иста како онаа што лани ја создала прекривката чад од ужасните пожарите во Калифорнија, анализира „Њујорк Тајмс“.

За време на пожарите во кои изгореа цели шуми и населби во областа, воздухот достигна загаденост од речиси 200 микрограми на метар кубен со што влегува во опсегот на многу нездрав кога на луѓето им се препорачува да не излегуваат од дома.

Годинава загадувањето во Скопје ја достигна границата од 189 микрограми на метар кубен, ниво што се води како „многу нездрав“ воздух, наведува „Њујорк Тајмс

Освен Скопје, и во Куманово деновите се вклучува црвениот аларм за загаденост, па мерните станици за квалитет на воздухот бележат и до три пати поголемо присуство на ПМ честички над дозволеното.

Во меѓувреме, Премиерот Заев признава оти и државните институции, министерства, градинки и училишта се вбрујуваат во долгата листа загадувачи на воздухот, па вети, преку јавно приватно партнерство наскоро ќе сме се гасифицирале.

Загадувањето на воздухот е причина за смртност на околу 3 000 лица годишно во земјава, а е и еден од главните ризик-фактори за смртност во светот.

Сања Трајковска Ставров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста