Возачот на автобусот со солзи кажуваше колку пати алармирал дека автобусот е неисправен

Возачот на автобусот со солзи кажуваше колку пати алармирал дека автобусот е неисправен

Шоферот кому му откажа воланот и заврши во жардињера се расплака пред директорот бидејќи долго време алармирал за расипанот автобус, но никој не презел ништо. Синдикалците прстот го вперија кон мајката на градот која според нив арогантно се однесува, не ги прима на средба и долго време го игнорира провблемнот со неисправните автобуси.

Новоизбраниот директор кој Данела Арсовска го назначи пред две недели, се појави на прес конференцијата која ја свикаа синдикалците и тврдеше дека тие давале паушални изјави.

Синдикалците обвинуваат дека градските власти целосно ја игнорираат и нивната и безбедноста на сите скопјани зашто, според нив, неисправни возила нема само во ЈСП туку и во противпожарната служба и во јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Вработените постојано алармирале, но ЈСП им ги давале автобусите со документ дека е направен сервис. Хартија трпи се, но реално не е направено ништо, велат од синдикатот. Автобусите се движат со грам нафта и технички неисправни, тврдат од ЈСП.

Бурните реакции на вработените во ЈСП следат откако автобус излета од булеварот „Гоце Делчев“ кај Мавровка. Шоферот заедно со уште еден патник во Брза помош беа пренесени во болница за укажување на лекарска помош.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста