Вооружена престрелка во Скопје, еден повреден

Вооружена престрелка се случи попладнево на улицата Ордан Чопела, кога според неофицијални информации две групи се пукале со автоматско оружје, дознава Алфа телевизија.

Во престрелката едно лице е повредено и според нашите информации префрлено во Градската болница.

Од МВР за Алфа ја потврдија информацијата, пријавата кај нив стигнала од „ГОБ Наум Охридски“, каде била донесено лице со прострелни рани и ги известило лекарите дека настрадал од пукање во скопски Чаир.