Вонредно обраќање на Вучиќ: Сега е се јасно, позади се што прават Албанците стојат нивните спонзори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна прес конференција се обрати на српската јавноста по посетата на единиците на војската на Србија и состанокот со министрите за одбрана и началникот на генералштабот, откако денеска беше формирана косовската армија.

-Денеска после многу години закани, официјално е формирана т.н. војска на Косово. Албанците покажаа дека не им е до правда и правдина, туку само до сила и до напад на Србија. Србија вложи страшни напори да ја сочува стабилноста и мирот во целиот регион, што не беше ниту малку лесно. Ние баш поради тоа во 2013 година го прифативме Бриселскиот договор, во желба да покажеме разум и знаејќи дека ќе се повикуваме на тој документ затоа што другата страна нема да го почитува, кажа Вучиќ.

Вучиќ кажа и дека бил мета на критики на целата српска јавноста затоа што јавно го предлагал она што го мислел дека е единствено логично решение.

-Денеска е потполно јасно дека Албанците и нивните спонзори никогаш не сакаа дијалог. Денеска е јасно дека зад прогласената војска стојат САД, Велика Британија и Германија. Од првиот ден за таксите говоревме дека е тоа неразбирлива одлука и за тоа дека Албанците ја имаа поддршката, затоа што веднаш би биле стопирани, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател побара и итна седница на Советот за безбедност на ОН, каде е спремен лично да учествува

-Тие кои сакаат да ја прегазат Србија, а со кои мораме да негуваме добри доноси, тие бараа некои изговори, денес ништо не бараат, туку лажат. Затоа што заклучивме дека се што направиле е спротивно на правото, а и ми ја загрозија безбедноста. Србија упати барање за одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Спремен сум лично да учествувам на неа, вели Вучиќ.

Тој им се обрати и на Србите на Косово.

-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.