Вонредната состојба во Унгарија ќе биде укината кон крајот на мај

Вонредната состојба во Унгарија, и законот за Премиерот да носи уредби без консултација со парламентот,  која предизвика лавина негативни реакции од меѓународната заедница, ќе бидат укинати кон крајот на Мај, соопшти премиерот Виктор Орбан.

Очекувам, владата до крајот на мај, да ги врати на парламентот  специјалните овластувања кои ги доби за време на пандемијата  – рече Орбан

Законот за вонредната состојба во Унгарија беше усвоен на 30ти март, а пред истиот да стапи на сила дел од земјите членки на Европската Унија, реагираа негативно, со образложение дека тоа, ни во најмал случај не е демократски закон. Тие го обвинија премиерот Орбан дека ја користи кризата за да ја ослабне демократијата.

На ова министерот за надворешни работи на Унгарија и најблизок соработник на премиерот Орбан, Петер Сијарто и порача: „Унгарија е нација постара од еден милениум и нема потреба од никакво патетично и лицемерно водство. Имајте доверба дека ние, унгарскиот народ, можеме сами да одлучиме што сакаме и што не сакаме“.

Заклучно со денеска бројот на заболени од Ковид 19 во Унгарија изнесува над три илјади и четиристотини лица, а починале околу 450 лица.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста