Вонредна состојба во Монтана поради снежни наноси (Видео)

Во американската држава Монтана е прогласена вонредна состојба откако голем дел од патиштата останаа блокирани поради снег со висина од 121 сантиметар.

Околу 48 сантиметри снег падна во северозападниот дел на државата Вашингтон, а снег паѓа во делови на Калифорнија, Невада, Вајоминг, Орегон и Ајдахо.

Во некои делови од земјата се очекува денеска да наврнат уште 2,5 до 5 сантиметри снег, додека во Монтана, на планините во северен Вашингтон и Ајдахо во сила се предупредувања за зимски бури. Температурите во западна Монтана и северен Ајдахо синоќа паднаа на минус 6,6 степени.

Гувернерот на Монтана Стив Булок вели дека зимското невреме во септември е вистинско изненадување, но дека државата и локалните власти тесно соработуваат со цел заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Метеоролозите посочуваат дека снежна бура не е забележана толку рано уште од 1930 година.