Вонредна дезинфекција и поголема хигиена во беровската градинка побараа надлежните по појавата на салмонела 

Вонредна дезинфекција и поголема хигиена во беровската градинка побараа надлежните по појавата на салмонела 

Вонредна дезинфекција и поголема хигиена во градинката „23Август“ во Берово, како мерки за предострожност побараа надлежните по појавата на салмонела кај деца згрижени во оваа институција. Во моментот состојбата со бактеријата е ставена под контрола и кујната во градинката работи. Регистриран е уште еден случај и бројот на заразени деца достигна до 12.

Лекарите советуваат да се внимава при процесот на термичка обработка на храната, а  внимание да се обрати и на хигиената.

   „Главниот начин е преку заразена храна. Тоа значи недоволно термички обработено месо, јајца, млеко и продукти од слична природа. Но самите деца, поточно заболени може да ги пренесуваат спорите на самата салмонела во околината , да ги загадуваат самите површини, така да салмонелата може да се пренесува од човек на човек и покрај тоа што се пренесува од доволно необработена храна„ изјави д-р Драган Јанев

Салмонелата не е смртоносно заболување, но може да предизвика сериозни компликации кај лицата со послаб имунолошки систем. Сите деца кои беа заболени се во добра здравствена состојба. Првите симптоми се јавуваат во период од 12 до 72часа по конзумирањето на контаминираната храна или пијалоци… 

  „Но наглиот почеток на водни исцедоци кои доведуваат до дехидратација може да предизвикат губење на свест, силна малаксаност, па се трајни последици од невролошки тип на мозокот„изјави д-р Драган Јанев

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста