Вонреден инспекциски надзор за случајот на 41-годишната мајка на Михаела Довичинска

Со вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен инспекторат ќе се утврдува дали е направен пропуст при лекувањето на 41-годишната Беровчанка која во саботата поради компликации од Ковид-19 почина на инфективното одделение во штипската болница. Инспектори ја чешлаат документацијата, откако сношти нејзината ќерка Михаела Довичинска јавно ја објави листата на повици  од која се гледа дека нејзината мајка во четвртокот вечер во рок од само шест минути звонела дури десет пати барајќи помош од медицинскиот персонал. . Откако увидела дека напразно звони на бројот што и го дале, алармирала и со две пораки.

 „ Ова е итно. Јави ми се „ е првата порака, а по само две минути испратила уште една  во која  бара во соба четири да биде доставена боца кислород.

На социјалните мрежи нејзината ќерка кристално чисто ја опишува и девет дневната агонија низ која поминале  додека нејзината мајка била хоспитализирана во болница, но и јавно го праша министерот дали со неговото се е под контрола , всушност убива луѓе. Алфа стапи во контакт со семејството. Погодени од трагедијата, но и фрапирани од фактот дека иста телефонска линија користат и пациентите и семејствата кои сакаат да научат повеќе детали за нивните најблиски кои се хоспитализирани на Инфективно во Штип.

И се надевам дека ќе им овозможат на пациентите друг број, така што некој пациент ги побара за вода, кислород или за било што и тие кога ќе видат дека звони посебниот телефон што ќе биде само за паиенти ќе се јават и ќе бидат достапни за нив. За нас не мора, ние може да чекаме- изјави Довичинска.

41годишната жена немала здравствени проблеми.Минатата година се лекувала од грип. На инфективно била примена со негативен тест кои претходно го направила во Кочани.

Првиот тест на мајка ми беше негативен.Откако ја примиа  Инфективно повторно и правеа тест и тој беше позитивен. Нема да навлегувам во прецизноста на нивните тестови, разбирам дека се прават грешки-изјави Довичинска.

 И министерот е запознат со случајот. Без да ни одговорат на прашањето дали болницата покрај немањето на инфектолози се соочува и со недостаток од медицински сестри, топката ја префлја на болницата од каде што пак одговорија дека чекаат да се изготви комплетен извештај за начино на третман на пациентката..

Опозицијата одамна алармира дека пациентите хоспитализирани на инфективно во штип поради немање на доволно кислород се борат за живот. Ваквите обвинувања на неколкупати беа демантирани од директорот тврдејки дека во ниту еден момент пациентите не се оставени без медицински кислород.

Дали 41-годишната жена навистина не можела да дојде до кислород или  е направен друг пропуст во нејзиното лекување, вистината за нејзината смрт ќе се знае откако санитарните инпектори ќе завршат со истрагата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста