Војник заболен од шуга во касарната во Велес

Војник заболен од шуга во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес, за уште двајца постојат сомнежи, потврдуваат од Министерството за одбрана за Алфа телевизија. Војникот како и сите други војници на почеток на службата бил прегледан за да се утврди неговата здравствена способност, но со оглед дека тогаш уште траела инкубацијата, заразата не била откриена.

Покрај заболениот војник, поради сомневања дека заразата се пренела и на уште двајца војници, биле повикани лекари, и не сите им е препишана терапија и се пуштени на домашно лекување. Сите останати војници редовно ги извршуваат своите должности во посочената касарна, со исклучок на викендите кои секогаш ги поминуваат дома, велат од Министерството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста