Војната во Украина не се води само со куршуми, туку и со информации – Русија и западот во трка кој побрзо ќе цензурира

Војната на терен, војна и во медиумите која се прошири и на социјалните мрежи.  Двете страни во руско-украинскиот конфликт пласираат различни податоци за бројот на воени и цивилни жртви. Безброј информации но исто толку и лажни вести.

Во медиумите одекна приказната за „духот на Киев“, кој се појави на небото над главниот град на првиот ден од инвазијата и успеа да собори дури шест руски авиони. На социјалните мрежи се рашири приказната за митскиот пилот кој храбро се спротивставува на руските авиони со ловецот „Миг-29“ и ги урива сите.

Според таа приказна, само еден „Миг-29“ успеал да собори дури шест руски авиони за еден ден.Видеото брзо стана лажна вест, демантирана од две страни. Од друга страна, една од првите вести за руската инвазија беше летот на руски стратешки бомбардери ТU-22 над Киев. Се докажа дека и оваа вест е лажна и дека видеото датира од 2020 година.

Во вква атмниосфера, наместо западот и Русија да се борат против ваквите вести, тие се решија за наједноставното но и многу опасно решение – цензура. Русија забрани емитрување на телевизии од неколку европски и американски земји, а тие за возврат ги забранија руската РТ и Спутник.

  • Апсолутно не сум да се ограничуваат медиумите, особено кои се регистрирани, имаат свое уредништво, каде што новинарите се потпишуваат, кои ги следат тие официјални конвенции во пишувањето.. Во оваа ситуација, тоа е негативна појави бидејќи луѓето, демократија, слободата на изразување апсолутно секогаш била против ваквите информативни блокади и поставување цензури вели универзитетската професорка Јасна Бачовска.

Од тука, проблемот го лоцираат во долгогодишното известување на македонските медиуми под влијание на западните агенции.

  • Асолутно сум против руското воена интервенција во Украина, и второ во однос на овој проблем граѓаните во Македонија беа многу слабо информирани бидејќи кај нас владее тој регионализам во однос на информирањето. Со години сме зависни од западните агенции и многу од граѓаните беа изнанадени од тој воен конфликт сега, не знаејќи ја повеќегодишната генеза помеѓу Русија и Украина – смета универзитетската професорка Јасна Бачовска.

Од друга, комуниколозите сметаат дека во информациска ера многу е тешко да се стави граница за пласирањето на информациите, кои со сигурност на некои начин ќе стигнат до граѓаните.

  • Пред 30-40 години, кога немате продор на технологиите многу е потешко одредена информација да се пласира ако не биде дел од традиционалниот систем на известување, пред се тука говорам за телевизиите, но и радиото и печатот. Денеска во дигитална ера зборуваме и за интернет портали, социјални медиуми, многу дигитални палтформи… – вели за Алфа телевизија комуникологот Бојан Кордалов.

Инаку, барем формално слободата на говорот е загарантира во речиси сечии устав, од Америка, Европа, па дури и во Русија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста