Војдан Стојановски се здоби со тешка повреда

Сезоната за капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски е завршена. Членот на францускиот прволигаш Гравелин на вчерашниот тренинг ги скина предните вкрстени лигаменти, по што го чека пауза од најмалку шест месеци. Стојановски се огласи по тешката повреда, и најави дека ќе се врати посилен од било кога. Сето ова претставува и тежок удар за нашиот национален тим, кој дефинитивно ќе биде без услугите на капитенот за августовските претквалификации за СП 2023.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста