Водостојот на Вардар кај Јегуновце четири сантиметри под нултата точка

Четири сантиметри под нултата точка е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните мерења направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот на Вардар е понизок и кај Демир Капија во однос на вчерашниот ден, а на исто ниво како вчера е кај мерната станица во Скопје. За пет сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Велес.

Водостојот на Охридско езеро е 9 сантиметри над дозволениот минимум.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста