Водостојот на Охридското Езеро три сантиметри под дозволениот минимум, алармантна состојба со Преспанското Езеро

Зоран Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски, ќе одговара за велепредавство. Заев кој го продаде името и тврдеше дека идентитетот, јазикот и историјата се зачувани, пред два дена кажа дека на маса за преговори со Бугарија го ставил и идентитетот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев јасно кажа дека нема да биде македонска влада, македонска историја итн.

-Зоран Заев се откажа од придавката македонски, за која до пред три дена тврдеше дека е заштитена.
Зоран Заев систематски ја разградува државата. Нема дно кое Заев не може да го пробие. Заев сега се откажува од идентитетот, јазикот и историјата. Предупредивме дека Заев ја распродава државата и потврдата дојде лично од Зоран Заев. Во само две интервјуа Зоран Заев ја уништи македонската држава, и нејзините позиции за преговори. Штетите кои што Зоран Заев ги нанесе на државата се велепредавство и за тоа тој ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста