Во време на Корона, утринава се вапсуваа велигденските јајца

Присуството на Корнавирусот, кој за жал, во градот под Марковите Кули рапидно брзо се шири, не ги уплаши и не ги поколеба членките од Здружението „Преродба“ да останат доследни на многувековната христијанска традиција и утринава, како што е ред, уште пред изгрејсонце да ги вапсаат велигденските јајца.

Со силна верба во Бога, тие се надеваат дека ова, досега невидено и тажно искуство, ќе биде последно и дека до в година, Велигденските празници ќе се дочекуваат онака како што било и низ вековите.

Инаку, прилепчани кои се познати како доследни почитувачи на многувековната традиција, со нескриено жалење ја примија веста дека престојните празници ќе мора да ги пречекаат затворени во своите домови, а не во црковните храмови каде сепак ќе се одржуваат богослужба, но без присуство на верниците.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста