Во воздушен напад во Авганистан загинаа 14 лица

Најмалку 14 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во воздушен напад од страна на владините сили во Херат во западен Авганистан, според очевидци.

Стотици луѓе се собраа во областа Адраскан Херат за да го пречекаат Гулам Наби, поранешен талибански борец, кој беше ослободен од затворот како дел од размена на затвореници.

Американскиот претставник за мир, Залман Кализад, на Твитер ја осуди употребата на сила и ја поздрави одлуката на владата за спроведување истрага.

Деветгодишниот син на Наби, исто така, наводно бил повреден во нападот.

Владини претставници соопштија денеска дека е започната истрага за воздушниот напад што се случи во средата, пренесува АП.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста