Во услови на криза, А.Д. „ЕСМ“ го пролонгира рокот за набавка на јаглен, најверојатно за по изборите

Во услови кога на земјава и се заканува енергетска криза, се одолговлекува набавката на јаглен за потребите на „РЕК Битола“ и „ТЕЦ Осломеј“. Од ЕСМ соопштија дека рокот за набавка на 1,2 тони јаглен се пролонгира. Понудите требаше да се отворат до денеска напладне, но сега рокот се продолжува за пет дена, односно до понеделник 18 октомври, или ден по изборите, нешто што државава не смее да си го дозволи во вакви вонредни услови. Зошто се одложува набавката, конкретно образложение нема.  

  • „Во анимирање и поттикнување на компаниите од регионот да се јават на повикот вклучени се и Стопанската комора и македонската Влада. Планот на А.Д. „ЕСМ“ е да набави јаглен. Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно потребите на стопанството за поевтина струја, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира“, велат од „Електрани на Северна Македонија“.

Она што дополнително загрижува е што Македонија нема јасна стратегија како ќе ја преживееме зимата во услови кога во светот нема доволно енергенси и се соочува со екстремно високи цени на струјата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски критикуваа за неспособност, и предупредува дека поради проблеми со ископ на јаглен, државата ќе биде приморана на да набавува.

Тој вели дека со тоа 1000 камиони ќе се разминуваат низ патиштата во Македонија.

  • Пред да почне грејната сезона на депонија во Битола треба да има 500 илјади тони јаглен. Они немаат ни 50 илјади и сега викаат ‘ќе носиме’, и најблиску е, нормално тендер ќе биде, но најверојатно тоа ќе биде од Косово како држава со најголем потенцијал. Они велат 900 илјади тони, за да ги донесете тие 9-10 илјади тони вас ќе ви требаат 500 камиони. 500 камиони треба да се натоварат некаде, да ја поминат Македонија. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се иде преку автопатот Росоман ,Плетвар, Прилеп, Битола. Тие камиони треба да дојдат да се растоварат на депонија и повторно истите да се вратат, додека нови 500 ќе доаѓаат. Во еден момент вие ќе имате 1000 камиони кои што ќе се разменуваат во Македонија, посочи Мицкоски.

Тој додава дека тоа е сериозен ризик за учесниците во сообраќајот.

Од СДСМ демантираат дека ќе се носи, односно ќе се купува јаглен од Косово. Велат, се уште не се знаело од каде ќе се набави.

Во меѓу време, премиерот Зоран Заев прв пат призна дека земјава се соочува со енергетска криза, и не знае дали по Нова година ќе имаме нова поскапа цена на струјата. Она што е неминовно е дека не чека нов ценовен шок.

До крајот на годината нема да има поскапување на цената на струјата за домаќинствата, но што потоа не знаат. Премиерот се стави во редот на многу поголеми политички фигури од него, кои , како што вели – немале одговор на ова прашање.

Во меѓу време, граѓаните и стопанственици секојдневно слушаат дека ни се закануваат драстични поскапувања како последица на неминовниот раст на цената на струјата. Бизнисот се жали дека е веќе на удар од повисоки сметки и проблеми во набавката на киловатите, и бара да се интервенира за да се спречат ценовните шокови.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста