Во услови на корона изненади релативно високата излезеност

По 14 часа од почетокот на изборниот ден, заврши гласањето низ изборните единици ширум Македонија. Денот помина релативно мирно и без поголеми инциденти и нерегуларности.

Уште од раните утрински часови гласачите излегоа да го остварат своето право на глас. Во Скопје,  поголема фрекфенција на избирачките места имаше од 7 часот до 11 часот  и во попладневните часови. Дел од претседателите на избирачките места велат денот минал мирно и регуларно, почитувајќи ги протоколите за заштита од Корона вирусот, како и законите за тајно гласање.

Иако очекувањата за овој изборен ден заради пандемијата од Ковид 19 беа дека излезеноста ќе биде помала, сепак избирачите излегоа и го остварија своето право на глас. Велат мотив за да го дадат својот глас било надежта за подобра иднина како и исполнување на обврската и правото на избирање на власт.

Речиси сите избирачки места отворија на време утрово, а полицијата регулираше да не се прави метеж на местата каде се гласаше како и дали гласачите носат заштитни маски.

Мери Ѓорѓиевска

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста