Во Унгарија ќе се одржува најголемиот собир на козервативците од Европа, САД и Азија

Унгарската метропола Будимпешта ќе биде домаќин на најголемиот собир на конзервативците од Европа, САД и останатите континети од светот. Конференцијата ќе се оддржи во пролетта 2022 година, а организаторот Миклош Санто, инаку директор на Центарот за фундаментални права, по тој повод имаше заедничка пресконференција со Ден Шнајдер, извршен директор на Американската унија на конзервативци. Претходно двете страни потпишаа меморандум за разбирање како вовед во Конференцијата.

– Доаѓањето на американските конзервативци во Унгарија има за цел да изгради мост за конзервативната ренесанса од двете страни на Атлантикот. Нашиот начин на живот е нападнат, либералите и социјалистите вршат координирани акции против секој што не мисли како нив, но исто така врз семејставта, нациите и институциите кои ја одразуваат нациооналаната независност, рече Миклош Санто.

Соговорниците се согласни дека тоталитарните идеологии ја покажале својата радикална природа, па конзервативците немаат дрг избор освен да се бранат. Потенцираа дека на Конференцијата ќе присуствуваат водечките политичари,, новинари и инфлуенсери со десничарска идеологија од Јужна и Северна Америка, од Европа и Азија. Со тоа ќе докажат дека можат да се поддржуваат меѓусебно и можат заеднички да се бранат од предизвиците на глобално ниво.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста