Во туристичко-угостителскиот сектор недостасуваат вработени, 50 до 80 проценти смениле професија

Недостаток на квалификуван кадар е новиот проблем на угостителите. Од 50-80 проценти вработени заминале од угостителскиот сектор за време на пандемијата. Келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи го напуштиле угостителството, дел заминале во градежништвото и транспортот а дел завршиле на улица поради непредвидливоста на секторот за време на пандемијата од март минатата година. Пред самото отворање на туристичката сезона во Македонија угостителите во обид да обезбедат квалификуван кадар.
„Дел од работниците ја променија својата работна професија, и од угостители станаа гипсери, монтери, односно голем број од угостителскиот-угостителскиот сектор преминаа во транспорт и градежништво. Неизвесноста беше клучниот фактор за ваквите одлуки. Поради кризата, пред се во градските средини, тук најмногу мислам на Скопје, но и на одредени други градови во државата, кои не класични туристички центри. Падот на прометот во овие компании беше над 85 проценти“-рече претседателкатана Здружеието на угостителство и туризмот при Комората.
Губењето работници во угостителскиот сектор пред самиот старт е можна причина туристичката сезона да не заврши според плановите.
Знаете дека туристичката сезона во Македонија, за жал, сеуште не започната, и покрај најавите, еве имавме најава за отпочнување летови за одредени дестинации тоа се пролонгира, најавите за холандски туристи и тоа се пролонгира.. Очекувањата дека тоа ќе се случи од седмиот месец, има простор и можност за квалификации во овој период. Факт е дека нашите угостителски објекти нема да работат со 100 посто од својот капацитет, што значи може да се направи преструктурирање и сезоната да се истера – вели Даниела Михајлоска Василевска.
Владината поддршка е потребна не да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите од секторот кои и кога не работеа ги задржаа голем дел од вработените велат од Здружението- иако е одредена поддршка со петтиот пакет таа се уште не е реализирана. Со програма Стопанската комора ќе преквалификува од 50 до 100 лица за угостителскиот сектор, а и дополнително ќе се ангажираат доколку угостителските фирми покажат интерес.
Викторија Миткова