Во Турција повторно воведен полициски час и задолжително носење маски

Властите во Турција воведоа обврска за задолжително носење маски во трите најголеми градови, а ќе воведат и  ограничен полициски час поради студентските испити за да се спречи ширењето на коронавирусот. Турција бележи  пораст на нови случаи откако повторно се отворија многу компании.

Гувернерите на Истанбул, Анкара и Бурса најавија дека маските ќе бидат задолжителни врз основа на препораките на научниот советодавен совет. Во 47 од вкупно 81 провинција во Турција маските се задолжителни.

Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека полициски час ќе биде воведен утре и следниот викенд, кога студентите во цела Турција ќе полагаат испити, а откако побарале да се одложат истите.  Фахретин Коча, министерот на здравство, порача дека во сила ќе биде „ограничен полициски час“, во траење од неколку часа за да се спречат собири.

Од почетокот на епидемијата се потврдени повеќе од 180.000 случаи во Турција, а починале над 4.800 лица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста