Во центарот на Белград жестока кавга меѓу приврзаниците на власта и опозицијата

Во центарот на Белград, на денешното отворање на реконструираниот Плоштад на Република, дојде до жесток судир на претставниците и поддржувачи на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) и владејачката Српската напредна партија (СНС).

Вербалната расправија, туркањето и за малку општа тепачка се случи откако на оддалеченост од неколку метри беа закажани настани на двете групи.

Претставниците на СзС, функционерот на Народната партија (НС) Никола Јовановиќ и функционерот на Партијата за слобода и правда (ССП) и воедно градоначалник на општината Стари Град, Марко Бастаќ, на плоштадот имаа перформанс на кој сакаа да укажат на предолгата и прескапа реконструкција на плоштадот, додека, во исто време, на почетокот на улицата Кнез Михајлова претставници на градската власт и на СНС ја фалеа реконструкцијата.

Кога функционерите од СНС тргнаа да се возат со мини бус, наидоа на претставниците на СзС. Јовановиќ пријде да се поздрави со претседателот на Градското собрание на Белград, Никола Никодијевиќ и други градски власти, но мини-бусот запре само на кратко и продолжи, што беше доживеано како бегање.

Тогаш дојде до дофрлање и туркање со лицата кои беа до мини-бусот, беа разменети и а во неколку наврати за малку што не дојде и до тепачка.

По некое време, насобраните се разделија.