Во тетовско се прават свадби на големо, но во домашни услови-инспекторите немоќни да казнуваат
Групните собири и натаму се најголем ризик за ширење на коронавирусот.Во тетовско и покрај забраните, сепак на големо се прават свадби-но, наместо во ресторани, во домашни услови.Ова го знаат и пазарните инспектори, но велат немаат надлежност да прават контроли по домови и да санкционираат.
Бараат дозволи, но такви дозволи нема, тие знаат дека такви собири се забранети, но некој на свој ризик правата свадби домашни, не големи,но и тие се забрануваат.Дури нема промена во протоколите ние вака ќе тераме, значи уште се забранува организирање на свадби, изјави Љуљзим Мемети- Раководител на ДПИ Тетово
Граѓаните пак, со поделени мислења.Некои сметаат дека веселбите може да се одржуваат, други се плашат за здравјето и според нив не е време за собирања.
Ниту кафулињата и рестораните кои смеат да работат,не ги почитуваат во целост мерките и протоколите.Од пазарниот инспекторат велат дека периодов се затворени неколку.Досега пак, за организирање на свадби, е казнет и затворен еден ресторан во Тетово,кој и покрај забраната, дозволил да се организира свадба.
Милена Вуческа