Во тензична атмосфера усвоени законите за Јавно обвинителство и Совет на јавни обвинители
Во тензична атмосфера во собранието изгласани Законот за јавно обвинителство и Советот за јавни обвинители. Во првиот обид за јавно обвинителство гласаа само 74 пратеници,6 помалку од потребните 80. Џафери го поништи па го повтори гласањето со образложение дека гласањето на дел од пратениците не било евидентирано. Во бвториот обид беше собрано потребното мнозинство На ова жестоко реагираше опозицијата. Ја повика и меѓународната заедница да го стори тоа.
Според власта Законот за јавно обвинителство гарантира дека сите судски предмети произлезени од СЈО ќе имаат правна разрешница.
И гласањето за Законот за Советот на јавни обвинтели според опозицијата било надвор од процедурата. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека не се случило гласање со Бадентер иако било споменато како услов од Џафери.
Спикерот Џафери на седницата најавува дека законот се носи со бадентер, но не спроведува вакво гласање.
Од кабинетот на Џаефри пак велат пак дека според членот 11од Комитетот за односи меѓу заедниците за законот не е потребно двојно мнозинство.
Претседателот Пендаровски ги потпиша Законите кои ги усвои Собранието.