Во светот заразени со коронавирус повеќе од 8,7 милиони луѓе, околу 462 000 починати

Во светот заразени со корона вирусот се повеќе од 8,7 милиони луѓе, бројката на починати се наближува до половина милион. Досега оздравени се 4,6 милиони луѓе според податоците на сајтот „Worldometers“. Најмногу заболени и починати има во САД и Бразил. Синоќа во Бразил се регистрирани 54 771 новозаболени и 1206 починати.

Светската здравствена организација(СЗО предупредува дека пандемијата на коронавирусот се забрзува и дека е пријавен најголем број на новозаболени во еден ден – 150 илјади лица. Тој предупреди дека речиси половина од новите случи кои се пријавени се во Јужна и во Северна Америка, а значаен број има и во Јужна Азија и на Блискиот исток. За запирање на вирусот неопходни се мерките за одржување на растојание меѓу луѓето, носење маски и миење раце, порачуваат од СЗО.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста