Во светот над 2,5 милиони заболени од Ковид-19

Расте бројот на заразени со Ковид-19. Во светот има повеќе од 2 милиони заразени , и над 170.000 починати.
Нашиот јужен сосед – Грција стави во карантин хотел во кој се сместени 470 баратели на азил, од кои 150 се позитивни на тестовите на коорнавирус.
Грчките власти, уверуваат дека нема потреба од паника и дека треба само да се следат прописите. Сепак паниката е голема поради тоа што во оваа земја има 100.000 баратели на азил.
Во Србија се зарази Владика на Српската православна црква. Српските медиуми информираат дека Владиката во неделата во Храмот Света Сава служел велигденска литургија на која присуствувале мал број на верници кои тој ден се причестиле.
САД бројат најмногу заразени и починати – 800.000 што е двојно повеќе во однос на претходните две недели. Во оваа земја има повеќе од 40.000 смртни случаи. Германската влада, реши да ги покрива сите трошоци на осигурениците без разлика дали имаат симптоми или не.
Во оваа земја се потврдени нови 2.237 случаи на коронавирус со што бројот на заразени достигна 145.694.
Сепак се чини дека научниците се се поблиску до вакцина за овој смртоносен вирус, Велика Британија веќе разви вакцина која има 80 % шанса за успех и наскоро ќе биде тестирана врз луѓе.
Некои држави пак, веќе почнаа со планови за олабавување на мерките Франција – држава која е една од најпогодените планира да ги отвори училиштата на 11- ти мај.
Според властите на училишните клупи први ќе седнат децата од 5 до 7 години. Според надлежните во училница нема да има повеќе од 15 ученици.