Во светот ги чуваат под стаклено ѕвоно, во Македонија лекари работат без придонеси

Додека во светот ги чуваат под стаклено ѕвоно и ги слават како херои, во Македонија има и лекари кои работат со договор на дело без платени придонеси.
Во нашата редакција се јавија двајца лекари од онкологија, кои сакаа да останат анонимни за да не ги загубат и тие договори. Три години им ветувале дека ќе добијат нови договори на неопределено, но ништо од ветувањата.

Лекарите тврдат дека прво им кажале дека ќе им бидат дадени договори на неопределено време, а откако пред нив решение добиле други без искуство, министерот ги убедувал дека тие се на ред.

Ни ветуваа дека ќе добиеме договори на не определно, а потоа донесоа други без искуство кои ние ги учевме
Лекарите потенцираа дека во оваа време немаат намера да прават проблеми, но сакаат да се слушне и нивниот глас. И покрај тоа што медицинскиот персонал е најмногу изложен на опасност, овие лекари немаат платено здравствено осигурување, па стравуваат дека ако се разболат нема како да се лечат.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста