Во светот до денеска повеќе од 2.407.000 заболени од Ковид-19

Во светот со коронавирус до денеска се заразени 2.407.700 лица, а како последица од инфекцијата починале 165.093. Истовремено, од болеста оздравеле 625.420 луѓе.

Како што е објавено на интернет страната „Ворлдометерс“, најмногу болни и починати има во САД, (764.265-заболени, 40.565-починати)

Во Шпанија заболени се 198.674, а починале 20.453

Италија има 178.972 инфицирани, додека бројот на смртни случаи изнесува 23.660

Германија има 145.742 заболени, но бројот на починати е 4.642.

Во Британија се забележани 120.067 заразени и 16.060 починати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста