Во Струмица протест на актерите, режисерите и драматузите

Скандирајки „Култура сега„ „Театарот не е играчка„ -околу дваесетина  струмички актери, режисери и драматурзи со протест во вид на театарски перформанс од министерката побараа да стави крај на партиските вработувања во културните институции. Не отстапуваат од своето барање    да се поништи конкурсот за директор, односно од челната позиција на Центарот за култура да се отповика новоназмачениот директор  наставникот по физичка култура и поранешен директор на градинка ,Басил Бубев. Освен протести, најавија дека правдата ќе ја барат и по институционален пат ..

  

 „ Да ја искористам можноста и да го најавам нашиот протест утре во 12 часот пред Министерство за култура за повторно да нагласиме дека ние остануваме на нашите барања и ставови . Нашиот правен тим започна со разгледување и анализа на документите, за да видиме дали нашата павна битка конкретно ќе биде издржана„– изјави Ванчо Василев, актер во Театар-Струмица.

На распишаниот конкурс за директор на НУЦК „Антон Панов„ фискултурецот Васил Бубев успеа да елиминира актерка со 30годишно искуство и културен менаџер со мастер студи. Од Министерството за култура кажаа дека БУбев единствено бил со целосна документација, додека на останатите двајца кандидати немале доказ за истакнат културен работник и сертификат за англиски јазик.  Трендот за поставување на кадар со несоодветно образование на челните позиции на културните институции, се префрли и во Тетово, каде што директор на тамошниот Дом на култура е поставен каратист, кој доаѓа од работната позиција шеф на кабинет на државен секретар при Министерството за култура.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста